Барселона притиска за потписот на Вилијан

Шпанскиот првак Барселона сака да го засили средниот ред со бразилскиот репрезентативец Вилијан. Тој најави можно заминување од редовите на Челси, пред се затоа што англискиот тим нема да учествува во Лигата на шампионите претстојната сезона. Каталонскиот гигант сака да ја искористи оваа можност и да го доведе Бразилецот на „Камп Ноу“. Тој би бил одлична замена за Андрес Иниеста, и заедно со Артур, кој веќе пристигна во клубот, значително би го освежил средниот ред во составот на Ернесто Валверде.

Барселона е подготвена да плати 55 милиони фунти за Вилијан, но во трката за него е и Манчестер јунајтед. Жозе Мурињо исто така го посакува одличниот крилен играч на „Олд Трафорд“ и ќе наддава за неговите услуги во наредниот период.

Се вчитува...