Барселона продолжува да купува играчи од Жалгирис (ФОТО)

Евролигашот Барселона во походот кон Европа во следната сезона ќе биде засилен со Најџел Хејс откако денеска тимот го официјализираше трансферот. Американецот во редовите на каталонците пристигнува од Жалгирис со што „литванската“ колонија по тренерот Шарунас Јасикевичиус, Брендон Дејвис и Рокас Јокубаитис доби уште еден член.

Дваесетишест годишниот Хејс игра на крилните позиции и зад себе има одлична сезона со фантастичен процент на шут зад линијата 6,75 од 44 отсто.

Се вчитува...