„Ние сме овде“, напиша Борко Ристовски и објави фотографија на која се пред хотелот во Келн, заедно со своите соиграчи од Барселона, Седрик Сорендо и Велро Ривера.
Барселона денеска со чартер лет допатува во Келн, домаќинот на Фајналфор турнирот во ракометната Лига на шампионите. Каталонскиот тим кој ја освои европската круна во Келн во 2015 година, годинава прв пристигна во Келн во атакува на деветата шампионска титула во ЛШ.
Шпанскиот тим во чиј состав се двајцата македонски репрезентатувци, Борко Ристовски и Кире Лазаров, во полуфиналето во сабота ќе игра против Вардар.
„Црвено-црните“ во Келн ќе пристигнат утре, со редовна линија на „Виз-ер“. А утре во Келн пристигнуваат и ракометарите на ПСЖ и на Веспрем.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА