Барселона сака да го купи Каи Хаверц, Баер бара 100 милиони евра

Каталонскиот гигант Барселона се вклучи во трката за одличниот играч за врска на Баер Леврекузен, Каи Хаверц. Тренерот Кике Сетиен смета дека тој би бил идеално решение за средниот ред на Барса, но Баер Леверкузен за него бара отштета од 100 милиони евра. „Фармацевтите“ се во преговори со Баерн Минхен за еден од најталентираните фудбалери во Бундес-лигата.

Барселона води разговори на неколку фронта, со Интер за ангажманот на Лаутаро Мартинез, со Јувентус за поголема размена на фудбалери, а раководството се надева дека успешно ќе ги финишира и преговорите за Каи Хаверц. Каталонците ќе се обидат да ја спуштат цената со понуда на неколку млади фудбалери кои би се преселиле во Баер Леверкузен. Се работи за Емерсон, кој оваа сезона игра на позајмица во Бетис, потоа Карлос Алена и Марк Сукурела.

Се вчитува...