Барселона, сакала или не, до 30. јуни мора да продаде фудбалери и да заработи 124 милиони евра

Соочувајќи се со можна казна од УЕФА, Барселона до 30. јуни ќе мора да продаде неколку свои фудбалери и да заработи 124 милиони евра.

Како не би ги прекршиле правилата за финансиски фер-плеј, Каталонците ќе мора да се откажат од неколку свои фудбалери и задолжително да инкасираат 124 милиони евра. Во спротивно се соочуваат со казна од УЕФА.

Но, се чини дека воопшто нема да имаат проблеми околу тоа затоа што на излезна врата од клубот се Филипе Кутињо, за кого има опција да го откупи Баерн Минхен за 120 милиони евра, како и Хрватот Иван Ракитиќ за кого има понуди од неколку клубови од Италија и од Англија.

Барселона, планира продажба и на уште двајца свои фудбалери како би се надминала незавидната финансиска состојба поради пандемијата од коронавирусот.

 

 

Се вчитува...