Барселона се „лизна“, само бод кај Мајорка (ВИДЕО)

Барселона два пати имаше негатива, но два пати успеа да стигне и да се спаси од пораз на гостувањето кај Мајорка. Во меч со многу возбудувања, на крај по бод за двата тима за конечни 2-2.

Во 8. минута Муричи стрелаше во мрежата на Тер Штеген за предност. Рафиња успеа да го најде патот до голот на Мајорка за израмнување во 41. минута. Сепак, Прац во третата минута од судиското надополнвуање успеа да донесе предност за домашните.

Во вториот дел досуден, па поништен пенал за Барселона, а во игра во 65. минута влегува младиот Фермин Лопез кој ќе се покаже како клучен затоа што десет минути подоцна ќе постигне гол и ќе донесе бод за својот тим.

 

Се вчитува...