Барселона се обидува да ја украде „ѕвездата“ на Баерн Минхен

Барселона е заинтересирана за бекот на Баерн Минхен и австриската репрезентација Давид Алаба, кој неодамна одби да ја продолжи соработката со баварскиот гигант. Австриецот не сакаше да потпише нов договор кој иако му истекува за две години и е стандарден првотимец, не е сигурен како ќе се движи неговата кариера, бидејќи „баварците“ во своите редови го донесоа Лукас Ернандез од Атлетико Мадрид за сума од 80 милиони евра.

Вредноста на Алаба во моментов изнесува 55 милиони евра, но сигурно е дека Германците доколку сакаат да се откажат од него ќе бараат далеку поголема сума за неговите услуги. Барселона и претходно сакаше да го доведе Алаба во своите редови, но тој едноставно не беше на трансфер листата.

Се вчитува...