Барселона се премисли за Пол Погба!

Пол Погба инсистира на заминување од Манчестер јунајтед, но негова следна дестинација нема да биде Барселона откако челниците на каталонскиот гигант се премислиле од намерата да го доведат Французинот на „Камп ноу“. Ова го тврди каталонскиот весник „Ел Мундо Депортиво“, кој важи за исклучително близок со раководството на Барса и секогаш „од прва рака“ ги има трансфер-плановите на актуелниот првак на Ла Лига.

Според овој тиражен весник, финансискиот ризик е преголем во однос на она што Погба може да го понуди на теренот. Јасно е дека Јунајтед ќе инсистира на отштета од над 100 милиони евра, згора на тоа новиот клуб ќе треба да плати и богата провизија на менаџерот Мино Раиола, а тука е и платата на Погба, во висина од 12 миилиони евра по сезона најмалку во наредните четири години. Ова за Барса е преголема инвестиција ако се знае дека станува збор за играч со крајна недисциплина во играта, кој лесно го урива и авторитетот на тренерот, дури и во случај кога крај себе има трофеен стратег како Жозе Мурињо.

Каталонците сега разгледуваат други опции за засилување на средниот ред, а на врвот од листата со желби им останува Френки де Јонг од Ајакс.

Се вчитува...