Барселона се спаси од срам во последните минути, Гранада обезбеди реми среде „Камп Ноу“ (ВИДЕО)

Барселона дефинитивно ги поминува најлошите периоди од својата фудбалска историја, а натпреварот против Гранада е само уште еден сведок за слабата форма на „каталонците“. Имено, тимот на Роналд Куман вечерва едвај обезбеди реми на домашен терен со резултат од 1-1.

Гранада ја најави сензацијата уште во 2-та минута, а стерлец за гостите беше Домингос Дуарте. Во текот на првото полувреме домаќините очигледно беа во постојан шок, па никако не успеваа да направат сериозна шанса за гол, а тоа значеше дека со овој резултат ќе се замине на пауза.

Во вториот дел Барселона ја презеде контролата над топката во свој посед, но ваквиот пристап кон играта не го донесе посакуваниот резултат за „каталонците“. Гостите одлично одиграа во дефанзива, па не дозволуваа премногу да бидат надигрувани од фудбалерите на Куман. Сепак, наместо победа среде „Камп Ноу“, Гранда се задоволи со реми, откако Роналд Араухо успеа да биде прецизен во 90-та минута и да донесе бод за Барса.

Со овој резултат Барселона се наоѓа на 7-та позиција со освоени осум поени, додека Гранада запиша три бода со кои се сместија на 17-то место.

Се вчитува...