Барселона се врати на победите… (ВИДЕО)

По двата претходни натпревари во кој загуби и ремизираше, Барселона повторно се врати на победите во Ла Лига. Во 14. коло каталонскиот тим триумфираше со 2-0 на домашен терен против Вилјареал.

Победата беше најавена со голот на Џерард Пике во 36. минута од натпреварот.

А, конечни 2-0 заокружи Алена во 87. минута, на асистенција на Лионел Меси…

Барселона, сега повторно е на врвот од табелата со 28 бода, барем до дуелот на Севилја која вечерва гостува на Алавеш од 20:45 часот.

Се вчитува...