Барселона се врати од „минус 17“ и славеше над Уникс Казан

Кошаркарите на Барселона стигнаа до нова победа во Евролигата, откако на неверојатен начин успеаја во последната четвртина да се вратат од минус седумнаесет и по продолженија да славата над рускиот Уникс Казањ со 111-109.

Гостите одиграа неверојатни три четвртини по кои имаа предност од седумнаесет поени (57-74). Сепак, избраниците на Шарунас Јасикевичиус одиграа неверојатна последна четвртина во која успеаја да ја анулираат предноста на Русите и да го одведат мечот во продолженија.

Во вториот натпревар од вечерната програма Алба Берлин славеше на домашен терен над Монако со 92-84.

Се вчитува...