Барселона сепак не успеа да ги регистрира сите засилувања

Барселона вечерва ќе го одигра првиот официјален натпревар во ерата по Лионел Меси каде на домашен терен ќе го пречека Реал Сосиедад.

Вчера голем „спасител“ на клубот излезе Жерард Пике кој се одрече од голем дел од својата плата како би можел клубот да регистрира што е можно поголем број на фудбалери кои ги доведе летово.

Каталонците објавија дека Депај е регистриран и ќе може да настапи вечерва, меѓутоа иако беше објавено дека и Ерик Гарсија ќе може да конкурира за тимот, од Ла лига се уште чекаат потврда за тоа. Ла лига издаде соопштение во кое известува дека Барселона ги нема поднесено сите потребни документи за да биде регистрацијата прифатена.

 

Се вчитува...