Барселона си „поигра“ со Баерн, АСВЕЛ подобар од Алба

Лоша вечер за германските тимови во кошаркарската Евролига. Барселона си поигра со Баерн Минхен совладувајќи го на гости рутински со 67-77. Каталонците во текот на целиот меч го контролираа резултатот и во ниту еден момент на противникот не му дозволија да се понадева дека може да се врати во игра.

Хигинс со 16 и Миротиќ со 14 беа први имиња во победничкиот табор, додека кај поразените се истакна Зипсер со 19 поени.

Вториот германски претставник Алба Берлин е поразена на гости од АСВЕЛ со 93-81. Клучна во мечот беше третата четвртина која домаќините ја добија со плус седумнаесет (31-14). Тимската игра ја одбележа играта на домаќините, каде дури четворица завршија со двоцифрен учинок. Дејвид Лајти имаше 14 поени, а по 12 уфрлија Пејн и Кахуди. Кај гостите Хермасон го заврши мечот со 17 поени.

Се вчитува...