Барселона сигурнa со Олимпијакос, Жалгирис конечно победи

Барселона ја забележа и тринаесеттата победа сезонава во Евролигата, совладувајќи го грчкиот Олимпијакос со 90-80. Првиот период им припадна на домаќините (20-12). Во вторите десет минути следуваше одговор од гостите, по кој на полувреме на семафорот резултатот изнесуваше (40-39). Третата четвртина Каталонците ја одиграа фуриозно, стигнувајќи до двоцифрена разлика по 30. минути игра (69-58). До крајот Барселона рутински го приведе мечот за конечен триумф од 90-80. Најдобар поединец во победничкиот табор беше Никола Миротиќ со 21 поен, додека кај Грците Вили Рид уфрли 15 поени.

Литванската гордост, Жалгирис по серија од осум порази по ред, конечно триумфираше во Евролигата, совладувајќи го германскиот Баерн на гости со 73-98. Литванците стартуваа одлично, добивајќи ја првата четвртина со плус осум (13-21). До крајот на мечот во ниту еден момент не им дозволија на домаќините да се надеваат дека може да се вратат, рутински приведувајќи го мечот за конечни 73-98. Ледај и Милакнис уфрлија по 19 поени за гостите, додека Риверс го заврши натпреварот со 18 поени. Кај домаќините единствен расположен беше Данило Бартел кој со 20 поени беше најефикасен на мечот.

Се вчитува...