Барселона слави – Кутињо со перманентен трансфер во Астон Вила

Барселона успеа да се реши од услугите на Филипе Кутињо кој по овосезонската позајмица од следната сезона и официјално ќе биде фудбалер на Астон Вила. За услугите на Бразилецот англискиот клуб ќе плати 20 милиони евра, а каталонците ќе добијат и 50 отсто од следниот трансфер.

Кутињо важи за еден од најлошите трансфери во историјата на Барселона. Тој пристигна на „Камп Ноу“ во 2018 година во трансфер вреден 135 милиони евра (со бонуси) од редовите Ливерпул, но никогаш не го исполни својот потенцијал.

За шпанскиот состав одигра 106 натпревари на кои запиша 25 гола и 14 асистенции. Во 2019 година замина на позајмица во Баерн Минхен, но ни таму не се наметна па се врати на Островот каде ја забележа и најголемата слава.

Се вчитува...