Барселона следи двајца Португалци, сака барем еден од нив во јануари

Барселона со максимален ефект ја започна Ла Лига оваа сезона, но тренерот Ернесто Валверде сака да го засили својот тим за вториот дел од шампионатот. Токму затоа размислува за нови засилувања и испрати дел од своите скаути да ги следат натпреварите од квалификациите за СП во Русија. Каталонскиот гигант следи двајца португалски репрезентативци, а скаутите беа на мечот со Андора овој викенд.

Како што откриваат медиумите на Пиринеите, Барселона е заинтересирана за Желсон Мартинс, крилниот напаѓач на Спортинг Лисабон, како и за Андре Силва, напаѓачот на Милан, кој ова лето дојде од Порто за сума од 40 милиони евра. Но, тој и не е стандарден во тимот на Монтела, па Барселона ќе се обиде да го придобие неговиот потпис.

Тренерот Ернесто Валверде би сакал еден од овие двајца млади и талентирани напаѓачи да дојдат на „Камп Ноу“ уште во зимскиот преоден рок. По повредата на Осман Дембеле, шефот на стручниот штаб сака да има многу поголем фонд на фудбалери за продолжението од сезоната.

Се вчитува...