„Барселона слободно нека ме тужи… Но, имам докази дека некој пуштал рака во благајната на клубот“

Раководството на Барселона ги отфрли обвинувањата на својот поранешен потпретседател Емилио Роусанд дека „некој ставал рака во благајната на клубот“ за време на ангажманот на компанијата за управување со социјалните медиуми.

„По тешките обвинувања изнесени од Роусанд за време на своите интервјуа по медиумите, Барселона категорично отфрла било каков чин на корупција. Поради тоа го задржува и правото на судски постапки против Роусанд за клеветите“ – истакнаа од Барселона.

Претходно Роусанд објави за проневера на пари во клубот, напаѓајќи го Бартомеу по што тој и уште неколку високи функционери добија отказ од Барселона.

„Кога ќе платиш милион евра за нешто што вреди 100.000 евра јасно е дека нешто корумпирано се случува. Не знам кој е, но во клубот сигурно мораше да се истражи тоа“ – изјави неодамна Роусанд во едно свое интервју.

А, сега по најавите дека ќе добие тужба за клевета од Барселона, вели дека воопшто не се загрижува затоа што има докази за се што се случувало и случува во клубот.

„Тоа што најавуваат судска постапка не значи ништо. Јасно ми е дека се закануваат. Стојам зад се што кажав и уште кажувам дека за се имам докази. Ако правната служба го провери случајот ќе види дека нема причина да ме тужи. Уште повеќе, тоа би можело да биде добро затоа што токму пред судските институции случајот ќе се преиспита и доказите ќе бидат прегледани. Покренување тужба е бесплатно, што се однесува до мене слободно продолжете“ – и порача Роусанд на Барселона.

Се вчитува...