Барселона со мислите кон зимските засилувања, Лапорта тргнува по Тилеманс

Шпанскиот фудбалски гигант Барселона покажува интерес за белгискиот репрезентативец Јури Тилеманс од англискиот Лестер Сити.

Според „Мундо Депортиво“, скаути на „каталонците“ веќе долго време ги следат настапите на 24-годишниот играч од средниот ред, па од „Камп Ноу“ планираат да се обидат да го привлечат. Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед и Ливерпул исто така го следат играчот.

Тилеманс веќе одигра 113 натпревари со 18 голови и 19 асистенции за Лестер Сити по неговиот трансфер за 45 милиони евра од француски Монако во 2019 година.

Се вчитува...