Барселона со последен обид: 150 милиони евра за Кутињо

Барселона и покрај најавите за откажување во трката по Филипе Кутињо подготви најнова понуда за услугите на бразилскиот ас, со надеж дека ќе го убеди Ливерпул да го продаде својот најдобар фудбалер. Шпанските медиуми јавуваат дека четвртата понуда на Барса ќе изнесува огромни 150 милиони евра, како последен обид Кутињо да биде доведен на „Камп ноу“.

Од овие 150 милиони, дури 110 би биле исплатени при реализација на трансферот, а 40 преку неколку клаузули. Ливерпул досега експресно ги одбиваше понудите на каталонскиот гигант, но останува да се види каква ќе биде реакцијата на „црвените“ чиј став досега беше дека Кутињо сигурно ќе остане на „Енфилд“.

Каталонците ќе постават и рок од најмногу 48 часа за одговор на понудата, за во случај на одбивање да имаат доволно време да доведат нов фудбалер за засилување на средниот ред (втора опција е Анхел ди Марија од ПСЖ).

Се вчитува...