Барселона со шокантна информација: За отпишаната ѕвезда заврши годината

Играчот од средниот ред на Барселона, Френки де Јонг ќе отсуствува подолго време.

За потсетување, холандскиот играч од средниот ред претрпе повреда на коленото за време на Светското првенство во 2026 година. Барселона објави дека на играчот му е дијагностициран скинат медијален колатерален лигамент на десното колено .

Според „Ас“, закрепнувањето на играчот ќе трае 5-6 месеци, што значи дека тој нема да се врати на теренот до јануари 2027 година. Минатата сезона, де Јонг одигра 25 натпревари во Ла Лига , постигна еден гол и имаше пет асистенции.

Денеска се појави информација дека Флик имал конфликт со Де Јонг, и дека ќе биде ставен на трансфер листа, а сега стигна шокантна информација дека ќе мора да паузира, и продажбата би можела да биде одложена најмалку до јануари.

Се вчитува...