Барселона триумфално преку Химки за четврта победа во Евролигата

Кошаркарите на Барселона стигнаа до четвртата победа во шестиот свој натпревар во Евролигата славејќи на гостувањето против Химки со 80-87.

Во натпревар со серија пресврти кој на крајот влезе во неизвесна завршница, Шпанците беа поконцетрирани на крајот стигнувајќи до триумфот од седум поени разлика.

Најефикасен во победата на Барселона беше Томас Хертел со 18 поени, а Анто Томиќ и Крис Синглтон запишаа по 16 поени. На домашните не им помогнаа ниту 27 поени на Алексеј Швед.

Со овој пораз, пак, Химки остана на само една победа досега во Евролигата и пет порази.

Се вчитува...