Барселона убедлива против Алба, Асвел славеше против Жалгирис

Претендентот за титула во Евролигата, Барселона со победа од 96-64 над Алба Берлин ја започна новата сезона во елитното европско натпреварување. Предводник на каталонскиот тим со 22 поени и 5 скока беше Никола Миротиќ, додека Лук Сикма беше првото име во редовите на германскиот тим со дабл-дабл учинок од 16 поени и 10 скока.

На триумф се радуваше и Асвел кој славеше над Жалгирис со 88-76. Ели Окобо беше првото име на мечот со 22 поени, додека него го следеше Јанис Стелниекс од литванските редови со 21 поен и 3 скока.

Се вчитува...