Барселона убедливо во Данска веќе на пат кон Фајнлфор во Лигата на шампионите

Ракометарите на Барселона со убедливата победа во Данска на гости против ГОГ Гудме од 30-37 веќе е сигурен учесник на Фајнфор во Лигата на шампионите.

Каталонците ја оправдаа фаворитската улога па контролирајќи го дуелот од самиот почеток лесно дојдоа до посакуваната победа.

Најдобар поединец кај Барса беше Лука Циндриќ со осум гола, а Фабрегас заврши со пет погодоци. Во редовите на ГОГ Гудме се издвои Мадсен со девет гола.

Претходно, денеска Веспрем и Кјелце одиграа без победник (29-29), а вчера ПСЖ го победи Кил со 31-27, а ремизираа и Магдебург и Висла (22-22).

Се вчитува...