Барселона урива рекорди во заработка

Шпанскиот фудбалски шампион, Барселона пријави рекордна заработувачка во сезоната 2017/18. Каталонците инкасирале одлични 914 милиони евра. Со ваквата прогресија, од Барселона велат дека очекуваат да ја пробијат бариерата од една милијарда евра заклучно до 2021 година. Првакот на Примера доби рекордно висока сума од 200 милиони евра од Пари Сен Жермен за трансферот на Нејмар. Потоа, Барселона двапати го уриваше трансфер рекордот со потпишувањето на Дембеле за 96,8 и на Кутињо за 106,4 милиони евра.

„Бордот позитивно ја оценува завршната сметка и таа е во линија со прокециите за достигнување профит од една милјадра евра во 2021 година“ – стои  во соопштението од клубот.

Барселона, во изминатата сезона си ја врати титулата во Примера, го освои четврти последовен пат Купот на кралот. Единствената слабост на каталонците е раната елиминација од Лигата на шампионите.

Се вчитува...