Барселона во јануари го купува Горецка?

Барселона одлично ја почна новата сезона во Ла Лига и веќе по пет кола има завидна предност во однос на Реал Мадрид, дури седум бода, но тренерот Ернесто Валверде не сака ништо да препушти на случајноста и сака да го засили својот тим и во зимскиот преоден рок. Една од причините е и повредата на новото засилување Осман Дембеле, кој ќе паузира најмалку до Нова година, а и потоа е нејасно дали веднаш ќе може да се врати во посакуваниот ритам.

Токму затоа Валверде сака на „Камп Ноу“ да го доведе Леон Горецка, германскиот репрезентативец од редовите на бундеслигашот Шалке 04. Барселона е подготвена веднаш за него да плати 15 милиони евра, со оглед дека договорот му истекува на лето. Но, ќе има тешка задача, да го придобие, со оглед дека и Баерн Минхен одамна го има „пикирано“ овој одличен фудбалер за врска. Од друга страна, и Шалке 04 крои планови како да го задржи уште долго во своите редови и да го направи клупска легенда. Сепак, повик од Барселона не се одбива така лесно.

 

Се вчитува...