Барселона во нов обид да стигне до Рабио

Каталонскиот гигант Барселона не се откажува од намерата да го ангажира Адриен Рабио, играчот за врска на Пари Сен Жермен, до крајот на овој преоден рок. Раководството на клубот од „Камп Ноу“ ќе достави уште една понуда до ПСЖ, а состанокот треба да се одржи во текот на денешниот ден во Манчестер.

Рабио влегува во последната година од неговиот актуелен договор со Пари Сен Жермен, веќе одби да потпише продолжување на соработката, а тоа значи дека идното лето би можел да си замине како слободен агент. Но, ПСЖ најави дека можеби ќе го пресели во вториот тим, доколку и понатаму одбива да разговара за обновување на договорот со „светците“.

Се вчитува...