Барселона во последна мисија, Лапорта сака да го позајми најскапиот играч во историјата на Атлетико

Барселона во финишот на летниот преоден рок ќе продаде уште двајца фудбалери од кои ќе заработи 45 милиони евра, а се обидува да дојде до уште еден напаѓач. Емерсон ќе потпише за Тотенхем за 30 милиони евра, додека Илаиш Мориба заминува во Лајпциг за 15 милиони евра.

Според шпанските медиуми, Барселона синоќа стапила во конктат со Атлетико Мадрид за позајмица на Жоао Феликс.

Младиот Португалец, кој воедно е најскап трансфер во историјата на Атлетико (126 милиони евра), минатата сезона имаше мала минутажа. Диего Симеоне не му даде многу простор да го развие својот талент, па Барселона се обидува да го искористи тој факт и да го позајми напаѓачот за една сезона.

Наводно мадридскиот тим воопшто не сака да разговара со Барселона за Жоа Феликс. Оваа информација изнеади многумина со оглед на фактот дека Каталонците иако го загубија Лионел Меси во нападот имаат доволно квалитет со играчи како Мемфис Депај, Серхио Агуеро, Антоан Гризман, Усман Дембеле и Ансу Фати.

Се вчитува...