Барселона во преговори со Адриен Рабио

Каталонскиот гигант Барселона ќе се обиде да го засили средниот ред со францускиот интернационалец Адриен Рабио. Играчот за врска на Пари Сен Жермен има уште една година од актуелниот договор со „светците“, а Барселона е заинтересирана да го доведе на „Камп Ноу“ овој 23-годишен фудбалер. Новиот спортски директор Ерик Абидал веќе имал разговори со Рабио, а Барселона е подготвена да плати 40 милиони евра за ангажман на Французинот.

Проблем за Рабио претставува големата конкуренција во средниот ред на Барса, каде не би му бил гарантиран првотимскиот статус. Тој би пристигнал на местото на Андре Гомеш, кој летово сигурно си заминува од „Камп ноу“, а негова следна дестинација најверојатно ќе биде Премиер-лигата.

Се вчитува...