Барселона во трилер по продолженија преку Алборг до финале во ЛШ

Ракометарите на Барселона се вториот финалист на Ф4 турнирот кој се игра во „Ланксес арената“ во Келн откако славеше во полуфиналето во трилер меч по продолженија против дански Алборг со 32-37.

Каталонците одиграа феноменално прво полувреме по кое имаа позитива од четири гола (11-15). Сепак, како одминуваше натпреварот данскиот шампион играше се подобро, па на две минути до крајот успеа да стигне до егал и да израмни на 28-28. Натпреварот влезе во неизвесна завршница. Каталонците направија нова техничка грешка, а Алборг имаше напад за победа. Не успеаја да го реализираат, а на Алеиш Гомез му недостигаше една секунда за да важи неговиот гол.

Мечот замина во продолженија, a таму Барселона беше подобра и заслужено стигна до победа од 32-37. Алеш Гомез со осум гола беше прво име кај победникот, додека кај поразените Арнолдсен и Блонз постигнаа по пет гола.

Во финалето за противник ќе го има Фуксе Берлин кој во првото полуфинале славеше над актуелниот шампион Магдебург.

Се вчитува...