Барселона во војна со новинарот кој напиша расистички навреди за Ансу Фати

Барселона ќе поднесе тужба против Салвадор Сострес за расистичките навреди во неговиот текст во кој осврнувајќи се на дуелот на каталонскиот клуб против Ференцварош користеше навреди и епитети кои имаат расистички навредлив тон.

Најавата за тужба доаѓа по бурните реакции на социјалните мрежи кои го осудија колумнистот и текстот. Прв реагираше Антон Гризман со објава на Твитер во која повика на „крај за расизмот и за лошто образование“. Неговата објава со огрмна поддршка се прошири низ интернет просторот.

„Ансу е исклучително момче кое заслужува почит како и секое човечко суштество. Не за расизмот и не за лошото образование“  – порача Гризман.

 

 

 

 

 

Се вчитува...