Кошаркарите на Барселона во второто полувреме го скршија отпорот на Алба Берлин победувајќи со 72-56 во 32. коло од Евролигата.
Каталонскиот тим се мачеше во првото полувреме кое го заврши со негатива од еден поен (34-35), за да во вториот дел се си дојде на свое место и Барселона дојде до убедлива победа.
Најдобри поединци кај Барса беа Сертач Шанли со 12 поени, како и Никола Миротиќ со 11 поени и Никола Калиниќ со 10 постигнати поени, додека кај Алба ниту еден кошаркар немаше двоцифрен ефект, а Јани Вецел заврши со 9 поени.
Макаби Тел Авив, пак, си зачекори кон Топ 8 откако триумфираше со 85-66 против Милано. И Анадолу Ефес продолжува со битката за Топ 8 откако победи со 86-67 против Виртус Болоња.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА