Барселона за малку од „готово-вересија“ со Химки, Зенит подобар од АСВЕЛ

Барселона за малку ќе направеше од „готово-вересија“ во натпреварот на гостувањето кај Химки кој го доби со 94-102 во 12. коло од регуларниот дел на сезоната во кошаркарската Евролига.

Каталонците уште од самиот старт почнаа да го „мелат“ противникот добивајќи го првото полувреме со убедливи плус тринаесет (48-61). Во вториот дел Химки беше подобар противник, и со смирена и добра игра во нападот на минута до крајот успеаја да стигнат само на минус три (94-97). Сепак во завршните шеесет секунди пресуди искуството на гостите кои со серија од 5-0 стигнаа до конечен триумф од 94-102.

Никола Миротиќ со 28 поени беше прво име во победничкиот табор, додека кај Химки најрасположен беше Алексеј Швед со уфрлени 23 поени.

Во вториот натпревар од понудата во 18 часот, рускиот Зенит триумфираше над АСВЕЛ со 75-70. Густаво Ајон и Алекс Ренфро со по 14 поени ги предводеа Русите до победата, а интересен е податок дека во гостинскиот тим ниту еден кошаркар не успеа да го заврши натпреварот со двоцифрен број на поени.

Се вчитува...