Барслона без маки до финале на Суперглоуб

Ракометарите на Барселона ја оправдаа фаворитската улога и лесно стигнаа до финалето на овогодишното издание на Суперглоуб откако во полуфиналето славеа над бразилскиот претставник Пињерос со 24-39.

Каталонците текот на мечот го назначија уште од самото отварање кога стигнаа до предност од пет гола (1-6) уште во воведните минути, а нешто подоцна стигнаа и до највисоката предност во првото полувреме од девет гола (11-20), разлика која сепак бразилскиот тим успеја да ја сведе на „само“ седум по истекот на 3о. минута (16-23).

Барселона си ја заврши работата уште во првиот дел од мечот, а вторите триесет минути беа само формалност во кои шпанскиот состав од минута во минута ја зголемуваше предноста за на крајот истата да изнесува + 15 (24-39).

Барселона во финалето од Суперглоуб ќе се сретне со германски Магдебург кој денеска во првото полуфинале славеше во дуелот со Алборг со 32-30.

Се вчитува...