Барти без проблеми до четвртфинале на Австралија опен

Првата тенисерка во светот, Ешли Барти без проблеми се пласираше во четвртфиналето на првиот грандслам турнир во сезоната, Австралија опен, откако беше подобра од Американката Шелби Роџерс со максимални 2-0, по сетови 6-3 и 6-4.

Австралијката првиот го „скрши“ во четвртиот гем кога успеа да направи брејк. Во вториот сет лесно дојде до 4-1, а предноста ја задржа до самиот крај за конечна победа. Следна ривалка на Барти ќе биде чешката тенисерка, Каролина Мухова која во четвртфиналето беше подобра од Белгијката, Елис Мертенс (7-6 и 7-5).

 

Се вчитува...