Барти нема да игра на Ролан Гарос, но освојува турнири во голф

Најдобрата тенисерка во светот Ешли Барти нема да игра на Ролан Гарос, турнир кој го освои минатата година, но затоа блеска на голф терените. Познато е дека Австралијката е одлична во крикет каде настапуваше за Бризбејн Хит, а сега покажа дека е талентирана и за голф каде го освои женскиот турнир во Бруквотер голф клубот кој се наоѓа во близината на Бризбејн.

„Има се што е потребно ако сака да почне голферска кариера. Верувам дека би била успешна кога би го променила спортот. Имам видено многу голфери кои доаѓаат од други спортови, но таа се разликува од сите нив. Неверојатна е“, изјави австралискиот голфер Луис Добелар. 

 

 

View this post on Instagram

 

Brookwater Club Champions ???‍♀️ ft. Bucket Hats

A post shared by Ash Barty (@ashbarty) on

Се вчитува...