Барти запиша нова победа на Вимблдон и обезбеди осминафинале

Првата носителска на Вимблдон, Ешли Барти запиша нова победа од 6-3, 7-5, совладувајќи ја Катерина Синијакова, па на овој начин обезбеди осминафинале.

Ешли ја оправда фаворитската улога на овој дуел, убедливо добивајќи го првиот сет. Кон крајот на мечот во вториот сет нешто повеќе се намачи, но успеа да дојде до посакуваната победа и да слави со вкупен резултат од 2-0.

Анжелик Кербер, шампионката на Вимблдон 2018 година, исто така се пласираше во четвртото коло на најпознатиот турнир во светот.

На тревата на теренот „Ол Англија клуб“, Германката го скрши отпорот на Саснович со 2-6, 6-0, 6-1 во три сета. Почетокот на натпреварот не навестуваше таков крај. Сасновиќ водеше со 4-0 во првиот сет, и сето тоа Германката успеа да го анулира.

Турнирот заврши за финалистката на годинашниот Ролан Гарос, Анастасија Пављученкова. Русинката мораше да и подаде рака на Мухова, која победи со 7-5, 6-3. Во осминафиналето Мухова ја чека Бадош, која по пресвртот го скрши отпорот на полската тенисерка Линет 5-7, 6-2, 6-4.

Се вчитува...