„Бартомеу е луд, го избра Меси пред милионите на Сити“

Лионел Меси се премисли и реши да остане во Барселона и во следната сезона, означувајќи победа на Хозеп Бартомеу во битката за да го задржи најдобриот светски фудбалер на „Камп Ноу“. Сепак, поранешниот претседател на Барселона, Жоан Гашпар, не е убеден дека Бартомеу го повлекол вистинсксиот потег во овие преговори.

„Бартомеу е луд, луд за Барса, исто како мене. Го избра Меси пред милионите на Манчестер Сити. Секако дека сум среќен што Лео останува, ќе му пишам порака за да му се заблагодарам, но да бидам искрен – немаше да плачам ако тој си заминеше“, истакна Гашпар.

Сепак, тој смета дека Меси со одлуката за заминување само си го „зацементирал“ местото како најголема легенда во клупската историја.

„Лео е најголем во историјата на Барса, денеска само стави точка на овој факт. Одбивајќи да излезе на суд против клубот на неговиот живот, тој сега е за Барса она што е Ди Стефано за Реал Мадрид“, изјави поранешниот претседател на Барселона.

Се вчитува...