Бартомеу: Лага е дека Меси назначува и менува тренери во Барселона

Претседателот на Барселона, Жозе Мариа Бартомеу ги отфрли категорично наводите дека најдобриот нивни фудбалер Лионел Меси поставува барања околу назначувања и менувања тренери во клубот и доведување нови фудбалери.

„Меси никогаш ништо не барал од нас. Луѓето зборуваат дека Тата Мартино дошол само поради Меси, а потоа и назначувањето на Луис Енрике е на наговор на Аргентинецот, но нема никаква вистина во сето тоа. Ние го избравме Енрике и потоа тоа им го соопштивме на играчите, исто како што е сега со Валверде“ – вели Бартомеу.

Меси го продолжува договорот со Барселона, па на „Камп Ноу“ останува до 2021 година.

„Тоа е одлична вест не само за навивачите на Барселона, туку и за целиот фудбалски свет. Приказната за Меси е приказна за верност кон една средина. Фудбалската ера почна во 2008 година кога Пеп Гвардиола му да на Меси да го ‘води’ тимот, а таа ера сега продолжува. Тоа е ера на успеси во која Меси го предводи фудбалот… Среќни сме затоа што ќе го имаме во клубот уште четири години“ – вели Бартомеу.

Се вчитува...