Бартомеу: Погба нема да дојде на „Камп ноу“

Претседателот на Барселона, Жозеп Бартомеу, во интервју за британскиот весник „Тајмс“ објави дека неговиот клуб не преговарал за трансферот на Пол Погба, стивнувајќи ги на тој начин шпекулациите дека Барса ќе тргне во нова офанзива за францускиот репрезентативец од Манчестер јунајтед.

„Се пишуваа многу работи, но немаше вистина во нив, јас никогаш не разговарав со Вудворд. Кога клубот не сака да продаде некој фудбалер, нема зошто да се разговара и затоа и сега велам дека Погба нема да дојде во Барса. Јунајтед е голем клуб, а главна одлика на големите клубови е што не сакаат да ги продаваат најдобрите играчи“ – изјави Бартомеу.

Потоа, првиот човек на каталонскиот гигант се осврна и на својот најдобар фудбалер – Лионел Меси.

„Кај нас ситуацијата е јасна, Меси не сака да си замине, а наша цел како управа е тој цел живот да го мине во Барселона, а крај него да играат најдобрите светски фудбалери. Сигурно не сакаме да го продадеме најголемиот фудбалер што го имаме“ – порача претседателот на Барса.

Се вчитува...