Бартомеу: Тренерската позиција на Валверде не е загрозена

Претседателот на Барселона, Хозеп Марија Бартомеу, категорично ги демантираше гласините дека клубот од „Камп Ноу“ му подготвува отказ на тренерот Ернесто Валверде поради елиминацијата од Рома во четвртфиналето на Лигата на шампионите.

„Лага е дека позицијата на Валверде е загрозена. Тој е во првата година од договорот, на почетокот на еден голем прект, негов проект. Задоволни сме од неговата работа и редовно се состануваме и дискутираме за идината на Барселона. Никој не споменал ниту раскин, ниту смена на тренерот на состаноците на раководството. Тоа се измислици на медиумите, и тоа потполна лага. Покрај се што се случи минатото лето, пред се заминувањето на Нејмар, никој во управата не се сомнева во Валверде. Сите сме разочарани од тоа што се случи во Рим, но ако ја освоиме двојната круна тоа ќе биде одлична сезона. Не е перфектна, но ќе биде осма двојна круна во историјата и таквиот успех треба да се цени. Без разлика што ќе направи Реал Мадрид во Лигата на шампионите“, изјави Хозеп Марија Бартомеу.

Се вчитува...