Баруфет со респект: Не се залажуваме, знаеме колку е опасен Вардар

Спортскиот директор на Барселона, Давид Баруфет, со огромна почит говореше за Вардар откако македонскиот првак беше извлечен за ривал на каталонскиот гигант во полуфиналето од фајналфор турнирот во Келн. „Црвено-црните“ се единствени дебитанти од четирите учесници на овој фајналфор, но Баруфет потенцира дека квалитетот на македонскиот шампион е огромен, а ракометарите и стручниот штаб на Барса се свесни за големината на предизвикот пред нив.

Не се залажуваме со фактот дека се дебитанти, знаеме колку е опасен Вардар. Зборуваме за тим со искусни играчи, нашиот добар познаник Арпад Штербик, потоа Канелјас, како тренерот Раул Гонзалес, кој исто така е Шпанец. Тој ја базира играта на цврстата одбрана, на чело со одличниот голман, така што ни е јасно колку е силен нашиот противник. Вардар го освои првото место во својта група, што е уште еден доказ за квалитетите на оваа екипа“ – изјави Баруфет.

Вардар и Барселона досега се имаат сретнато на десет натпревари во европските купови, при што каталонскиот гигант има девет победи и едно реми (29-29 во Скопје во 2013 година).

Се вчитува...