Башкими казнет со два меча како домаќин надвор од Куманово и плус 2.500 евра

Дисциплинската комисија на ФФМ го казни Башкими од Куманово со настап на два натпревари како домаќин надвор од својот стадион на одалеченост од најмалку 100 километри и плус парична казна од 2.500 евра, за инцидентот на дуелот против Каменица Саса во Втората македонска фудбалска лига.

По немилите случувања на дуелот од Втората лига кога навивачи на Башкими влегоа на терен, напаѓајќи ги и гостинските фудбалери на Каменица Саса, Дисциплинската комисија донесе конечна казна за кумановци откако претходно и Натпреварувачката комисија на ФФМ го суспендираше теренот во Куманово.

Башкими веќе следниот натпревар во Втората македонска фудбалска лига против Кожув во недела ќе мора да го игра на оддалеченост од најмалку 100 километри надвор од Куманово.

Се вчитува...