Башкими со новиот тренер Гајур Реџепи конечно ги почна подготовките

Кумановски Башкими конечно ги почна подготовките за новата сезона во Првата македонска фудбалска лига, под палката на новиот тренер Гајур Реџепи.

На само седум дена пред стартот на сезоната Башкими конечно ги почна подготовките. На првиот собир Реџепи повика на обединување на сите во тимот, и максимално сериозен пристап во наредниот период како би се надополнило се загубено.

Башкими ќе има многу промени во тимот ако се знае дека голем дел првотимци од минатата сезона го напуштија клубот.

Во првото коло, следната недела, кумановци му гостуваат на Силекс во Кратово.

Се вчитува...