Обезбеди опстанок Башкими минатата сезона. Успеа да забележи неколку добри резултати, а особено ќе се памети победата над Шкендија среде Тетово, кога практично кумановскиот тим и го реши освојувачот на титулата.
Башкими треба да игра во Првата лига и следната сезона, меѓутоа кумановскиот тим е во исчекување. Според информациите до кои дојде ЕКИПА, играчите и стручниот штаб ги чекаат заостанатите плати. Досега никој не ги контактирал ниту играчите ниту стручниот штаб околу планот за идната сезона.
Странските играчи и натаму се во Куманово, не може да си заминат дома со оглед дека чекаат исплата на заостаното, а потоа да се види дали ќе останат или ќе си бараат друга средина.
Во секој случај, раководството мора итно да реагира и да обезбеди почеток на подготовките, нивен нормален тек, како и формирање на играчки кадар за идниот шампионат.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
