Баскет-лудило во Париз: Србите со „невозможна двојка“ до победа над Холандија

Србија ја забележа и втората победа во групната фаза од баскет „три на три“ на ОИ во Париз, откако во неверојатна завршница „орлите“ ја прелетаа селекцијата на Холандија, славејќи со минимални 21-19 со кош постигнат со звукот на сирената.

Мечот беше израмнет од почеток до крај, а српските баскетџии пропуштија извонредна шанса да ја осигураат победата на триесетина секунди до крајот, кога Мајсторовиќ при 19-17 беше осамен на положување, но не реализираше стопроцентен зицер. Казната стигна откако Холанѓаните ги реализираа следните два напада и израмнија на 19-19.

Српскиот состав имаше нешто повеќе од три секунди за последна акција, не успеаја да одработат ништо според планот, но Страхиња Стојачиќ погоди неверојатна „двојка“ од над девет метри и им ја донесе победата.

Лудата двојка на Стојачиќ за хепиенд за Србија на овој драматичен меч можете да ја погледнете на ОВОЈ ЛИНК.

Се вчитува...