Батистута купува голгетер: Игуаин и(ли) Балотели доаѓа(ат) во Фиренца

Фиорентина има нов сопственик, американскиот тајкун Рок Комис, кој веќе го ангажираше Габриел Батистута како спортски директор. Легендарниот голгетер прво сака да доведе нов напаѓач на „Артемио Франки“, а изборот е сведен на Гонзало Игуаин или Марио Балотели.

Аргентинецот го напушти Челси и се враќа во Јувентус каде повторно ќе соработува со Маурицио Сари, но Батистута се надева дека може да го убеди да биде прва виолина во реновираниот тим на Фиорентина. Можно е повторно да дојде на позајмица за една сезона.

Втората опција е Марио Балотели, кој би сакал да се врати во Серија А. Контроверзниот напаѓач веќе подолг период е надвор од Италија и би сакал да се врати на „чизмата“. Тој има контакти и со Парма, но новиот проект на тимот од Фиренца делува привлечно.

Батистута е сериозен во преговорите, се надева дека во најдобар случај би можел да ги обезбеди и двајцата во тандем да го облечат дресот на Фиорентина за новата сезона.

Се вчитува...