Баварците бесни: Што треба да се случи за пенал против Реал?

Баерн промаши бројни шанси и Кејлор Навас е главниот виновник што баварците не се пласираа во финалето од ЛШ, но навивачите на овој тим дел од вината ја лоцираа и кај судијата Чакир и двете ситуации во кои Турчинот можеше, но не покажа на белата точка.

Првата спорна ситуација се случи во финишот од првото полувреме, кога Марсело играше со рака во својот шеснаесетник, но Чакир и неговиот помошник не го санкционираа тоа.

Уште поочигледен беше стартот на Серхио Рамос врз Левандовски во второто полувреме, Полјакот прв дојде до топката, па беше фаулиран од капитенот на Реал, но за Чакир повторно немаше елементи за да се покаже на белата точка.

Погледнете ги двете ситуации и проценете дали се во право оние кои велат дека во Европа нема судија кој ќе досуди пенал против Реал, особено на „Сантијаго Бернабеу“.

Се вчитува...