Баварците ќе пазарат од Лајпциг

Германскиот шампион, Баерн Минхен е заинтересиран за услугите на фудбалерот на Ред Бул Лајпциг, Конрад Лајмер, пренесуваат медиумите од оваа земја.

Баварците на ривалот од Бундеслигата му понудиле сума од 22 милиони евра за услугите на австрискиот интернационалец.

Лајмер кариерата ја почна во тимот на Лајпциг, потоа беше дел од Салцбург кој има исти сопственици, за во 2017 година повторно да се врати во Германија.

Се вчитува...