Баварците „полудеа“ по Упамекано: Тој е ѕид пред голот штом може да го сопре Левандовски

Германскиот првак Баерн Минхен сериозно се вклучува во трката за ангажман на дефанзивецот на Лајпциг, Дајот Упамекано, по неговото импресивно издание во дербито на колото на „Алијанц арена“. Одбранбениот фудбалер на Лајпциг одигра одличен натпревар против Баерн Минхенм, успеа да го амортизира главниот адут на баварскиот тим Роберт Левандовски и доби пофалби од сите страни.

„Тој е вистински ѕид пред голот штом може да го сопре Левандовски“, изјави спортскиот директор на Баерн Минхен, Хасан Салихамиџиќ.

Баерн Минхен подготвува понуда за ангажман на Упамекано по завршувањето на сезоната, а најголем ривал ќе има во англискиот премиерлигаш Арсенал кој подолг период го следи младиот дефанзивец на Лајпциг.

Се вчитува...