„Баварците“ против Дортмунд во „битка“ за Суперкупот на Германија

„Сигнал Идуна парк“ во Дортмунд, ќе биде сцената на која ќе се води „битката“ за освојување на Суперкупот на Германија, а во овој двобој Борусија за противник ќе го има Баерн Минхен.

Вечерва од 20:30 часот ќе стартува мечот за првиот трофеј на сезона во германскиот фудбал, а целиот спектакл ќе може да биде проследен со публика на трибини.

Ова ќе биде петти пат во последните шест години овие два ривали да одлучуваат за победникот во Суперкупот, а „Баварците“ беа победници на ова натпреварување во четири од претходните пет години. Последен пат Борусија стигна до трофејот во „Суперкупот ДФЛ“ во 2019 година, кога ја победи екипата од „Алијанц арена“.

Баерн го освои овој трофеј осум пати во историјата, а Борусија шест, а најдобар стрелец во историјата на натпреварувањето е, се разбира, Роберт Левандовски, кој постигна пет гола додека играше за Борусија и Баерн.

Пред натпреварот, Борусија има многу кадровски проблеми, па поради повреди нема да играат Јан, Кулибали, Гереиро, Азар, Хумелс, Мение, Мореј Бауза, Шмелцер и Загада. Тимот на Јулијан Нагелсман нема да може да смета на Бенџамин Павар и Марк Роко.

 

 

 

Се вчитува...